| четврток, 6 декември 2018 |

Суарез во количка, Уругвајците се загрижени (фото)

Луис Суарез пристигна во болницата во Уругвај во инвалидска количка, а опасниот напаѓач на „Урусите“ ќе се трка со времето за да биде подготвен за настап на Светското првенство во Бразил.

luis

Најголемиот адут на Уругвај ја загрижи нацијата по повредата и операцијата на менискусот на коленото, а се стравува дали тој ќе биде подготвен за премиерата против Костарика на 14 јуни во Форталеза.

Прогнозите велат дека Суарез нема да биде подготвен за тој меч, а Уругвајците се надеваат дека Луис ќе биде дел од пеколното трио со Кавани и со Форлан на вториот меч од групата, против Англија на 19 јуни во Сао Паоло.

suarez

Пристигнувањето на Суарез во болницата во Монтевидео предизвика огромно внимание и метеж и кај навивачите, новинарите и фоторепортерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top