| четврток, 6 декември 2018 |

Градскиот дувачки оркестар утре настапува на плоштад „Македонија“

orkestar-500

Со почеток во 11.30 часот утре на плоштадот „Македонија“ концерт ќе одржи Градскиот дувачки оркестар. За оваа саботна музичка променада, пред граѓаните ќе бидат изведени следните дела:  Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорница,  Дикси парада, Вашингтон пост марш, 3.Македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, Работнички, За сите деца.

Настапот на Градскиот дувачки оркестар се организира по повод Денот на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top