Вонземјани, дефинитивно, постојат. Така, барем тврдат двајца астрономи кои од американскиот Конгрес бараа продолжување на финансирањето на програмата за потрага по животот надвор од Земјата, пишува „Хафингтон пост“.
Дан Вертимер, директор на центарот „Потрага по вонземска интелегенција“ (СЕТИ) при Универзитетот во Калифорнија, пред конгресниот Комитет за наука, вселена и истражувања рече дека „речиси 100 отсто е можно постоење на вонземски микробен живот“.
– Последните 50 години доказите цврсто укажаа на тоа дека компонентите и условите за кои мислиме дека се потреби за живот се почести и се поприсутни во нашата Галаксија, порача Вертимер, додавајќи дека најверојатно е можно да се развива живот и на други места и затоа се потребни научни истражувања.
Колегата на Вертимер, Сет Шостак, астроном од СЕТИ, рече дека верува оти шансите да биде пронајден живот надвор од Земјата се големи.
– Мислам дека шансите се добри, а дали тоа ќе се слулчи во наредните 20 години ќе зависи од финансиите – порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.