| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе прават мапа на две милијарди галаксии

Група научници кои имаат амбиција да ја расветлат темното минато на вселената развиваат космички телескоп кој ќе овозможи да се состави мапа на две милијарди галаксии. Секоја галаксија содржи од 10 милиона до еден трилион ѕвезди.

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) и Европската вселенска агенција (ЕСА) работат на заеднички проект, насловен како „Евклид“, со кој галаксиите ќе бидат фотографирани секоја поединечно, по што ќе бидат и мапирани — процес кој ќе помогне да се утврдат нивните димензии и старост. Супертелескоот ќе биде ставен во употреба во 2020 година, по што ќе ја документира вселената во период од шест години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top