Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Реал пристигнаа во Лисабон пред саботното финале во Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико.
Роналдо е на своја територија во родната Португалија, но за него финалето може да биде и незгодно бидејќи ќе се игра на стадионот „Луж“ во Лисабон, кој е дом на неговиот некогашен голем ривал Бенфика. Популарниот ЦР 7 играше за Спортинг од 1997 до 2002, а ривалитетот меѓу „лавовите“ за кои тој настапуваше и „орлите“ на Бенфика е огромен.
Триумф во финалето би бил со посебен шмек за Кристијано. Тој би бил дел од составот на Реал што би останал запишан во клупската историја, со јубилејниот десетти трофеј во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и Купот на европски шампиони, како што се нарекуваше ова натпреварување во минатото.
Десетката остварена на теренот на големиот ривал Бенфика, со триумф против уште еден лут противник Атлетико, кој е од ист град Мадрид како и Реал, би била од посебно значење за еден од најдобрите напаѓачи на планетата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.