| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со проект за намалување на појавата на големи шумски пожари

stevan stefanoski

Надлежните институции, поучени од искуствата со пожарите од претходните години во континиутет работат на зајакнување на националните капацитети за превенција и намалување на ризиците од пожари. Токму на почетокот на овој месец заврши реализацијата на тригодишен проект за воспоставување на “Интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари”, кој се реализираше во рамките на техничката соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија.  М-р Стевко Стефаноски, раководител на сектор за аналитика, процени и стратешко планирање во Центарот за управување со кризи вели дека главната цел на овој проект насочена кон намалување на појавата на големи шумски пожари преку зајакнување на националните капацитети за превенција и рано предупредување за ризици од шумски пожари.

Доаѓа сезона на пожари? Дали Македонија е подговтвена за заштита на земјата од огнените стихии кои најчесто ја зафаќаат во летниот период?

 Наближувањето на летниот период, а со тоа и сушните периоди со високи температури веќе години наназад го поврзуваме со проблемот на појавата на пожарите на отворен простор и шумските пожари. Надлежните институции, поучени од искуствата од претходните години во континиутет работат на зајакнување на националните капацитети за превенција и намалување на ризиците од пожари. Токму на почетокот на овој месец заврши реализацијата на тригодишен проект за воспоставување на “Интегриран систем за превенција и рано предупредување за шумски пожари”, кој се реализираше во рамките на техничката соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија. Генералната цел на проектот е насочена кон намалување на појавата на големи шумски пожари преку зајакнување на националните капацитети за превенција и рано предупредување за ризици од шумски пожари, додека Посебната цел на проектот е во функција на засилување на капацитетот на Центарот за управување со кризи за известување-пренесување на информации и податоци до релевантните институции надлежни за превенција и рано предупредување од шумски пожари, како и подобрување на меѓусебната координација.

Во рамките на овој проект се воспостави заедничка платформа за споделување на информации и податоци, базирана на современ Веб базиран Географски информациски систем (ГИС), во кој се поврзани сите институции, кои имаат надлежности во различни фази од процесот на заштитата од шумски пожари. Овој систем се темели на интегрирана Веб платформа и има свое препознатливо име “Македонски информативен систем за шумски пожари”(MAKFFIS) и за јавноста е достапен на  следната веб страна: http://mkffis.cuk.gov.mk/. Со воспоставувањето на ваков систем Република Македонија станува единствена земја од поширокиот регион која воспоставува високи стандарди во оваа област, по примерот на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), кој е воспоставен на ниво на Европската унија.

Овој систем во својата платформа интегрира бази на податоци од повеќе институции, како: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за хидрометеоролошки работи, ЈП “Македонски шуми”, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и други. Местото и улогата на овие институции во системот е дефинирано согласно нивните надлежности и функции, така да едни се јавуваат како сервис провајдери, а други како корисници.

Во рамките на МКФФИС има развиено целосна карта на шумската вегетација, во ГИС формат, со што во детали се дефинира изложеноста шумите, односно во случај на пожар системот нуди можност за брза просторна идентификација, каква шума е во опасност (по видови, старост, дијаметар на дрвна маса, наклон и др.) со што овозможува брза анализа и процена на вредноста која се губи и врз основа тоа да се носат одлуки за приоритети во интервенциите на надлежните субјекти. Во рамките на овој систем овозможен е и сателитски мониторинг преку кој се добиваат податоци за сувоста на вегетацијата и горливите точки (hot spot).

За потребите на МКФФИС капацитетот на Управата за хидрометеоролошки работи беше зајакнат со 15 нови Автоматски метеоролошки станици (АМС), со што се зајакна националниот капацитет за брзо и во реално време споделување на метеролошки податоци кои се од клучно значење за процената на ризикот од шумски пожари и предвидувањето на развојот, односно ширењето на шумските пожари. Со помош на овие податоци системот автоматски генерира прогнозиран индекс на шумски пожари.

Во контекст на актуелната состојба со поплавите напменуваме дека зајакнувањето на националниот хидрометеоролошки сервис со новите АМС ќе биде од големо значење и за раната најава и предупредување и во случај на други метеоролошки појави, бидејќи истите се опремени со сензори за мерење на температура на воздухот, влага на воздухот, правец и брзина на ветер и мерење на врнежи.

Овој систем официјално беше ставен во употреба на 16 април оваа година и во пресрет на летниот период и сезоната на шумски пожари истиот ќе претставува сериозно зајакнување на националниот систем за превенција и одговор на ризикот шумски пожари.

 

Србија и Босна и Херцеговина се поплавени. Македонија се спаси. Обилните врнежи не го зафатија овој дел. Дали Македонија е подготвена да се сооч со ваква катастрофа, дали Србија можеше да ги избегне катастрофалните последици доколку реагираше порано… На оваа тема разговаравме со м-р Стевко Стефаноски, раководител на сектор за аналитика, процени и стратешко планирање во Центарот за управување со кризи. Разговорот можете да го прочитате во најновиот број на неделникот Република, што од денеска, 23 мај е во продажба. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top