| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Луганск: Екстремистите од Десен сектор убиле 30 регрути без оружје

Ситуация в Луганской области

Украинските екстремисти од организацијата Десен сектор убиле 30 воени регрути, кои го положиле оружјето за да го одбранат локалното население. Единаесет војници биле убиени во судирите кај Луганск.

Како што јавува ИТАР-ТАСС во повеќе борби меѓу украинската војска и милицијата во Луганск има жртви и од кај проруските сепаратисти, а засега е потврдено дека се повредени 32 лица.

Портпаролот на народната милиција на самопрогласената Народна Република Луганск, Остар Черни навел дека инцидентот со воените регрути се случил вчера за време на разговорите меѓу народната милиција и владините сили во градот Приволје.

 

– Во четвртокот слушнавме дека во Лисичанск војската се обидува да го освои градот. Испративме група за преговори. Колоната со украинската национална гарда беше блокирана со цивили одзади, меѓу кои и жени и деца. Додека траеја преговорите, се слушнаа истрели при што седум членови на народната милиција се убиени а 16 се ранети – објаснува Черни.

Тој, исто така, вели дека 30 припадници на украинската бригада го полижиле оружјето за да ги бранат цивилте и според најновите информации, екстремистите од Десен сектор ги егзекутирале сите до еден.
– Мажите биле на отворено и никој не се криел кога биле истрелани смртоносните куршуми, а тогаш следувала престрелка која траела половина час во која се слушнале и минофрлачки гранати, а куќите биле запалени – вели тој.

Во тие судири учествувале 11 оклопни возила на украинската национална гарда.

– Ние го заробивме командантот од едно од возилата – вели Черни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top