Соработката во областа на енергетиката помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави и можностите за нејзино понатамошно унапредување беа тема на средбата на премиерот Никола Груевски и Роберт Секута, главен заменик помошник на државниот секретар за енергетика на САД.
– Беа разменети мислења и информации за поголем број на енергетски проекти и опциите и перспективите за нивна понатамошна имплементација. Соговорниците разговараа и за можностите за соработка на полето на инвестициите во енергетиката и обезбедувањето
извори на средства за реализација на енергетски проекти – соопшти Секторот на Владата за односи со јавноста.
На средбата било оценето дека поволната бизнис-клима во Република Македонија нуди соодветна подлога за реализација на инвестиции во енергетиката.
Груевски и Секута разговарале и за поддршка на технолошкиот развој во областа на енергетскиот сектор и за проектите за промоција на енергетската ефикасност и фондовите за поддршка во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



