Во градот Болевец и Домажлице се измерени 30,5 степени Целзиусови што е највисока температура во земјата.
Досегашниот рекорд на температурата на воздухот на овој датум бил постигнат во 2007 година кога живата во термометарот се искачила на 29,9 степени. Невообичаено високите температури придонесоа да бидат регистрирани топлотни рекорди во 16 мерни станици распоредени во земјата, меѓу кои и главниот град, каде на мерното место Клементин се измерени 29 степени Целзиусови.
Тропски температури околу 30-тиот степен во Чешка се очекуваат и утре, по што за време на викендот се предвидува заладување
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



