На границата меѓу Русија и Украина остануваат многубројни и добро опремени руски војници, изјави во седиштето на НАТО во Брисел, генерал Филип Бридлав, Главниот командант на силите на Алијансата во Европа.
– Изминатите денови слушаме многу изјави за повлекување, но досега не гледаме тоа да се преземе. Има некое движење, но не е јасно во која насока – истакна Бридлав, повикувајќи за целосно повлекување на руските војници од украинските погранични делови.
Коментарот на Бридлав доаѓа по завршувањето на дводневната седница на началниците на Генералштабовите на вооружените сили на земјите членки на НАТО, посветена на кризата во Укрина.
Според Бридлав случувањата во Украина, покажуваат дека ситуацијата во светот во однос на безбедноста е непредвидлива, нестабилна и меѓусебно поврзана.
– Традиционалните решенија се неприменливи, се соочуваме со нова архитектура на безбедноста – истакнa Бридлав.
Генералот Бридлав смета дека Алијансата се наоѓа на крстопат. Треба да одлучиме како ќе дејствуваме против агресивниот сосед. Според него настаните во Украина го промениле разбирањето за европската безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



