-Голем интерес пројавија млади земјоделци од општините Кавадарци и Росоман за започнување на земјоделска дејност со помош на програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа година – информира Божанка Кузманова, самостоен референт при работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци.
– Рокот за поднесување на апликации тече од 10 мај а ќе трае до 1 јули оваа година. Заинтересираните се во фаза на обезбедување на документација со која ќе аплицираат за помош од 10 илјади евра. Нивниот интерес е за повеќе области во земјоделството како подигнување на нови лозови и овошни насади и слично – соопшти Кузманова.
Таа нагласува дека им стојат на располагање на сите заинтересирани при обезбедување на потребните документи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



