| четврток, 6 декември 2018 |

АЕК: Бавниот интернет заминува во историјата

Од тие причини АЕК оваа година работи на имплементирање на последните препораки од Европската Комисија за транспарентност и недискриминација и нови методологии за регулација на брзи електронски комуникациски мрежи кои се базирани на оптички влакна

aek

Во просториите на Агенцијата за електронски комуникации се одржа првиот јавен состанок за 2014 година. Главна тема на состанокот беа идните генерации на електронски комуникациски мрежи и регулативните предизвици за нивна изградба како и квалитетот на услугите на пазарот за електронски комуникации.
Состанокот го отвори директорот на АЕК, Роберт Орданоски кој одржа поздравен говор пред присутните по што следуваа презентациите на Синиша Апостолоски, советник за Телекомуникации, Игор Бојаџиев, советник за радиокомуникации и контрола и мониоринг за радиофреквенции во АЕК и Владимир Ристевски, советник за анализа на пазари во АЕК.

По завршувањето на секоја од презентациите, на операторите и на другите заинтересирани страни им се овозможи да земат активно учество и со своите коментари, предлози и забелешки да партиципираат во креирањето на идните планови на Агенцијата за електронски Дигиталната агенда на Европската комисија налага до 2020 година сите претплатници на Европската Унија да имаат пристап до интернет со брзина од над 30 Mb/s и 50 отсто од претплатниците да имаат пристап до интернет со брзина од над 100 Mb/s.

aek1

Во моментов во Македонија, според податоците доставени од операторите, во третиот квартал од 2013 година само 3,5 отсто од корисниците имаат интернет пристап со брзина поголема од 30 Mb/s. Тоа е показател дека пред АЕК се поставени високи цели и дека претстои напорна работа за да се достигнат.
Предизвиците во годините што следат се однесуваат пред се на воспоставување на транспарентна регулатива што ќе донесе исплатливи инвестиции и конкурентност во изградбата на електронските комуникациски мрежи што на корисниците ќе им донесат супер-брз интернет. Од тие причини АЕК оваа година работи на имплементирање на последните препораки од Европската Комисија за транспарентност и недискриминација и нови методологии за регулација на брзи електронски комуникациски мрежи кои се базирани на оптички влакна.
Во насока на олеснување и намалување на трошоците за изградба на потребната инфраструктурна мрежа во Македонија се имплементира новата Европска регулатива која беше усвоена пред еден месец од страна на Европскиот парламент, а е во насока на намалување на трошоците за изградба на електронски комуникациски мрежиза пренос со големи брзини. Со тоа помеѓу останатите предвидени активности, АЕК ќе обезбеди сите информации и документи за изградба или за приклучување кон веќе постоечка инфраструктура за пренос на податоци да бидат достапни на веб страницата на Агенцијата за електронски комуникации, организирани во единствена точка за информации. На тој начин, се што им е потребно на сите заинтересирани субјекти како што се: операторите, општините и Катастарот, ќе биде достапно на едно место до кое може да се пристапи преку интернет со што се остварува голема заштеда во време и ресурси. Покрај тоа ќе се овозможи сите оператори преку единствената информациска точка, во електронска форма, да поднесуваат барање за добивање на одобрение за градење за поставување на елементи за електронска комуникациска мрежа за обезбедување пренос со големи брзини. Со ова ќе се обезбеди барањето на операторот да биде проследено до соодветниот надлежен орган за издавање на одобрение за градење, како и да се овозможи следење на почитувањето на роковите за издавање на одобрението за градење од страна на Агенцијата за електронски комуникации како дел од своето транспарентно работење, секоја година одржува два јавни состаноци со цел да им овозможи на сите засегнати страни да се запознаат со работата на Агенцијата, стратегијата, плановите и активностите што следат, како и да им даде можност преку учеството во дискусиите активно да учествуваат во креирањето на идните чекори кои ги превзема АЕК за да обезбеди подостапни и поквалитетни услуги на пазарот на електронски комуникации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top