| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за свое мислење и став кај Црвенковски

branko-zaev-sobranieКако што е редот, откако се одглуми сила и надмоќ, во наводниот судар меѓу Црвенковски и Заев, денеска вториот повторно на средба со вечниот лидер на македонската опозиција.

Во севернокорејски стил, од СДСМ е лиферувано соопштение дека наводно „била разгледана демократската дебата пред за време и по 18-от Конгрес на СДСМ“.

Под демократска дебата веројатно се мисли на привидни поделби на „заевисти“ и „бранковисти“, привид воден од една шака лојални партиски медиумски војници. Во целата игра на тоа дали е потребно да се врати во игра „Бранковиот отпор“ или да се опстане на „Заевиот отпор“, се одигра и најголемата „фатаморгана“ во историјата на СДСМ.

По цела година молчење, за странски медиум се јави Црвенковски порачувајќи дека ниту тој ниту Заев му се достојни на Советникот кога иднината е во прашање. Всушност, користејќи го Пендаровски како Џокер (кој и така не е од шпилот карти на СДСМ), Црвенковски му даде предност на Заев, како човек кој наводно расчистил со минатото во СДСМ.

Всушност, „Република“ и за време на Конгресот објави дека Заев за време на дебатата за доверба на ново-старото раководство, на секој помоќен делегат ветувал дека ќе го продолжи бранковиот бојкот и планот за рушење на институциите. Денешната средба е во рамки на советување за следните потези во рушењето на демократскиот систем во Македонија, почнат со негирање на изборите, пратеничките мандати, институциите, по теркот на „Бранковиот отпор“.

За партиски цели, пак, средбата е во функција на обединувачка слика за членството. Но, покажува и колкав е расцепот во партијата меѓу оние кои ја сфатија играта на Црвенковски и неговата марионета и бараат промени, и оние се уште не разбрале и треба да го прифатат Заев како лидер.

Ако некој навистина се сомнева дека Заев одигрува улога доделена од вечниот лидер на македонската опозиција, тогаш нека побара од него да се одважи и да се извини на јавноста за грешките кои СДСМ ги има сторено во минатото, наместо да го опејува периодот на транзицијата.

Заев еднаш го стори тоа. Пред шест години, кога прв пат седна „да ја консолидира партијата, која по парламентарните избори минува низ криза“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top