| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на гас во центарот на Москва, четири лица повредени

Најмалку четири лица се повредени денеска во експлозија во станбена зграда во Москва. Како причина за експлозијата се посочува истекување гас.

Во зграда во дистриктот Кутузовски, во која живеат и соработници на американската амбасада во Русија, одекна експлозија и избувна пожар, јави Гласот на Русија.

Според првичните податоци, повредени се најмалку четири лица, меѓу кои и една Американка, која е пренесена во болница со 80 отсто изгореници на телото.

Од зградата се евакуирани десетина луѓе, а спасувачите трагаат по исчезнати во урнатините. Како причина за несреќата се посочува експлозија на гас за домашна употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top