| четврток, 6 декември 2018 |

Героски е поголем Политико од Политико

Новинарот Бранко Героски често преку медиумите што ги контролира го напаѓа Миленко Неделковски за неговиот речник и ставови изнесени на социјалната мрежа „Фејсбук“,  како што беше последниот случај на Неделковски поврзан со холандската амбасадорка, што според Героски е говор на омраза, пишува „Курир“.

gerooski-fb-1

Сепак, говорот на омраза и безобразниот речник за кој Героски речиси секојдневно го обвинува Неделковски,  очигледно го практикува и самиот уредник на „Слободен печат“, доколку се прочитаат некои негови постови на социјалната мрежа каде е доста активен.

Ова се дел од постовите каде што користи зборови што претставуваат говор на омраза, омаловажување или навреди.

geroski-fb-2

 

geroski-fb-3

 

geroski-fb-3-500

 

geroski-fb

Героски, кој го обвинува Миленко Неделковски дека употребува сексуални алузии, во колумна објавена подамна јасно ги искажува неговите сексуални илузии кон новинарката Ивона Талевска.

-Уште ден данок на мојата рецентна опседнатост со сексуални теми (велат, ако ноќта пред рибилов си помислил на секс, а камоли нешто друго, ич не оди) . Бидејќи веќе цел месец се занимавам со чаршиските приказни за наводните сексуални вратоломии во нашиот државен врв, веројатно црни Грујо помислил дека сум забегал и дал налог да ме опчекори Ивоница. Она со Миленко им беше фијаско, Латас одмара, Томиќ ни служи за зезање… нема кој, чоече! Па си рекле и“ај, овој Геро, сексуално загрозениов, може ќе се попали на Ивоница. И бап, ете ја Ивоница во прајмтајм, ме силува ко Шерон Стоун фраерон Мајкл Даглас во „Основен инстинкт“, ме растура уздуж и попреку. И сега, јас, претпоставувам, според планот на Грујо, би требало – да свршам? И за извесно време да се смирам, додека не ми се посака пак? Види, црни Грујо, јас имам еден проблем и ќе бидам индискретен, па вака јавно ќе го споделам со сите. Проблемот е што на вакви геновеви ко што е Ивоница, јас патам од синдромот на предвремена ејакулација. Бидејќи ти си завршил школо во Прилеп, а газдиве на Ивоница некакво индустриско по стари години (па сега се доктори и професори – јеби га, знаењето е сила, знаењето е моќ) , ќе ти објаснам на кирилица. Штом ја видам Ивоница, јас свршувам пред време. Во секунда. Те молам, објаснувањево сфати го метафорично. Ако не си чул за метафора, најди некој да ти објасни што е тоа, за да не живееш во заблуда дека се палам на сексуалните волшепства на Ивоница. Сакам да го кажам следново: Ивоница е толку млада и нереализирана во новинарството (не знам за другите занаети, тоа не е во мој домен) , што мојот разговор со неа свршува веднаш штом ќе почне. Еве, дури и заради интересот на пошироката публика, не можам да смислам нешто по што јас и ова момиче би можеле да се мериме или да се споредуваме. Зад мене се познати дела во новинарството, брендови создадени од нула, неколку книги, десетици млади новинари на кои сум им помогнал да ги откријат тајните на нашата професија (братчето на Ивоница е еден од нив) , професионални односи воспоставени со политичарите од сите партии, со јавни личности и со бизнисмени од сите генерации. Со што би можела да се пофали Ивоница – пишува Героски во колумната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top