| четврток, 6 декември 2018 |

Неонска светилка причина за пожарот во зградата на „Мал битолски Монмартр“

Во Битола на ул.„Далматинска“, во приземјето од објектот на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, вчера избувнал пожар предизвикан од неонска светилка, при што биле опожарени 300 уметнички слики и дел од инвентарот.

Пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ-Битола. Увид на самото место извршила екипа од СВР-Битола. Материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, вели извештајот на официјалната страна на Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top