– Мажот што синоќа уби жена пред зграда во Реонски центар во Аеродром и потоа се самоуби бил во љубовна врска со неа. На убиството и на самоубиството им претходела вербална расправија – соопшти денеска МВР.
Според полицијата, Горан С. (42) синоќа во 20.30 часот на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во преминот меѓу првиот и вториот влез од зградата број 10 со два истрела од пиштол, сопственост и со дозвола за поседување на неговиот татко, ја убил Адријана С. (38) од Штип, а потоа се самоубил.
– Во критичниот период, Адријана, која била во љубовна врска со Горан, со возило дошла на местото каде што се случило убиството и самоубиството и го паркирала на паркингот недалеку од зградата број 10, каде што требало да оди на роденден кај нејзина пријателка. Со сопствено возило на истиот паркинг пристигнал и Горан и го паркирал недалеку од возилото што го управувала Адријана. Кога се сретнале на паркингот, меѓу нив настанала вербална расправија, која траела цело време додека се движеле кон зградата број 10. Кога стигнале во преминот под зградата, меѓу првиот и вториот влез, Горан, најверојатно, со два истрела ја убил Адријана, а потоа со истиот пиштол се самоубил – информира МВР.
Настанот, во Центарот за управување и команда е пријавен случаен минувач, додека лекар на Итна медицинска помош ја констатирал смртта. На местото на настанот од страна на полициски службеници на СВР Скопје е извршен увид, со кој раководел јавен обвинител, при што се подигнати три испукани куршуми и еден пиштол марка „взор 70“, калибар 7, 62, со два неиспукани куршума во рамката и еден неиспукан куршум во цевката.
По извршениот преглед на починатите од страна на лекар, телата се пренесени за обдукција во Институтот за судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа