Соленото езеро Хилер на средниот остров на Австралија е необично и уникатно. Долго е околу 600 метри, обрабено со бела сол и темнозелени шуми од еукалиптус и пејпербарк. Тенката лента од бели дини го раздвојува езерото од океанските длабоки води.
Група научници во 1950 година ги истражувалe причните за необично розовата боја на водата на езерото, но немало траги од алги, кои најчесто ѝ даваат боја на водата. Можното објаснување се ниските концентрации на хранливи материи и црвени халофилни бактерии и микроорганизми кои се создаваат во солени води.
Претходно во него била направена солана која набргу била напуштена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.