Три милиони денари ќе подари Советот на Град Скопје за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина, како и за настраданите во рударската несреќа во Маниса, Турција.
Претходно, Градот Скопје во координација со надлежните власти во Србија и во БиХ испрати противпожарно возило опремено со две моќни пумпи за испумпување вода и дополнителна опрема, чамец за спасување и екипа од шест пожарникари од Противпожарната бригада, кои се вклучија во извлекувањето на настраданите, како и шлепер со флаширана вода за пиење и 50.000 вреќи за песок.
Во БиХ се испратени две противпожарни возила од кои едното опремено со моќни пумпи за испумпување на вода и шест пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Да се избегнува движење кај Градски парк, Водно и Гази Баба – апелира Град Скопје
-
Да не беше трагично, ќе беше смешно: Град Скопје признаа дека пуштиле старо видео
-
Град Скопје четири дена ќе прска против комарци!