Електромобилите, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Почетна и крајна станица ќе биде портата „Македонија“. Возилото ќе се движи по улица „Македонија“ до Стара железничка станица преку Камени мост и преку мостото „Око“ ќе се враќа пред портата Македонија.
Возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водач, а ќе сообраќаат секојдневно од 10 до 19 час. Договорот за нивна набавка „Градски паркинг“ го склучи со фирмата „Хипнел“, а едно возило чини 11.420 евра.
Апаратот за полнење на акумулаторите со струја е во рамките на катната гаража „Свети Kирил и Методиј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.