| четврток, 6 декември 2018 |

За Бабунски половина час, за Барса Купот на Каталонија

Давид Бабунски вторпат за краток период играше за Барселона во Купот на Каталонија, а гигантот, иако настапи со младинци, беше подобар од Еспањол на пенали и го освои пехарот.

Давид дебитираше за Барса на мечот со Џирона, а овојпат играше половина час. Тој е дел од тимот Б на Барселона што се натпреварува во втората шпанска лига, каде што натпреварувањето е во тек и сезонава не е завршена. Бабунски веднаш по финалето во каталонскиот куп ќе се приклучи на собирот на репрезентацијата во Австрија, каде што ќе играме против Камерун на 26 мај, а 4 подоцна во Риети ќе ги одмериме силите и со Катар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top