Сан Антонио спарс лесно и убедливо повторно го надиграа ривалот Оклахома тандер и со победа од 112-77 поведоа со 2-0 во финалето на Западната конференција во НБА.
Тони Паркер постигна 22 поени, Дени Грин погоди 7 тројки за 21 поен, а одлични стандардно беа и Тим Данкан со 14 поени и 12 скока и Борис Диа и Ману Џинобили со по 11 поени.
Кај гостите кои не можат да се снајдат без повредениот Серж Ибака, најефикасни беа Кевин Дурент и Расел Вестбрук со по 15 поени. Следните два меча од серијата ќе се играат во Оклахома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.