| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли донираше 50.000 долари за Србија и за БиХ

џоли

Анџелина Џоли му уплати 50.000 долари на американскиот Црвен крст за помош на Србија и на Босна и Херцеговина.
– Трагично е што подрачјето, кое преживеа толку судири и разарања, сега го погоди природна катастрофа од овие размери. Моите мисли се со семејствата кои ги загубија своите домови и чија егзистенција е загрозена. Посебно сум загрижена за непосредните опасности за луѓето, како мините и другите експлозивни направи кои се наоѓаат на подрачјата на опустошената Босна. Меѓународната заедница мора да преземе потребни мерки за да ги осигури тие подрачја. Инспиративно е да се видат луѓето од тој регион како се сложни и им пружаат поддршка на соседите и на граѓаните на својата земја. Време е и ние останатите да го направиме истото и да им помогнеме да заздрават – истакна славната актерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top