| четврток, 6 декември 2018 |

Американската компанија „Принц филмс“ ќе го дистрибуира „Деца на сонцето“

deca_na_sonceto_plakat1-320x480

Филмот „Деца на сонцето“ на македонскиот режисер Антонио Митриќески ќе биде дистрибуиран во Њујорк откако завчера беше прикажан на филмскиот маркет во рамките на Филмскиот фестивал во Kан. Kомпанијата „Принц филмс“ од Њујорк ќе го дистрибуира „Деца на сонцето“.

Во Кан е во тек филмскиот фестивал, а на маркетот беше прикажан и вториот македонски филм, „До балчак“ на Столе Попов, кој, исто така, предизвика интересирање.

Дистрибутери, филмски критичари, агенти за продажба присуствуваа на првата јавна проекција на филмовите, кои уште немаат доживеано македонска премиера.

„Принц филмс“ е дистрибутерската компанија во САД, која продуцира, финансира и дистрибуира филмови. Во рамките на маркетот завчера беше прикажан и филмот „До балчак“ на Столе Попов.

Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески е задоволен од проекциите и вели дека е најважно дали странските агенти и претставниците на фестивали ќе се јават по Kан за евентуална соработка.

Филмот „Жената што ги избриша своите солзи“ на режисерката Теона Стругар-Митевска деновиве беше прикажан на помал фестивал што се одржува за време на Kан. Продуцентата Лабина Митевска, заедно со актерката што ја игра главната улога, Викторија Абрил, го промовираа филмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top