Француската aктерка Карол Буке која е членка на официјалното жири на филмскиот фестивал во Кан, доживеа алергиски шок, за време на свеченостa организирана на маргините од фестивалот.
Злобниците веќе искоментираа на социјалните мрежи дека алергискиот шок и се појави поради лошите филмови во селекцијата.
Имено Карол Буке учествувала на една вечера организирана во Валорис од страна на американското списание „Ванити фер“.
Меѓу другите гости се наоѓале и Џулијан Мур и Џесика Шастан. Педесет и шестгодишната француска актерка имала ангиоедем, алергиски реакции на кожата и мукозните мембрани.
Неа и било пружено прва помош и ставена инјекција, по што таа не била однесена во болница. Службата за печат на фестивалот не го коментираше настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.