Земјотрес со интензитет од шест степени по Рихтер го погоди денеска источното крајбрежје на Индија, соопшти американскиот Геофизички институт.
Засега нема податоци за повредени и предизвикана материјална штета, ниту е објавена опасност од појава на цунами.
Земјотресот бил на длабочина од 40 километри под морското дно, со епицентар на 275 километри југоисточно од пристанишниот град Парадип, кој се наоѓа на брегот на Бенгалскиот Залив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.