Босанскиот град Добој кој беше зафатен од поплавите, веќе не се наоѓа во опасност, па на жителите им останува да ги исчистат своите домови, а на градските служби да ја отстранат калта од улиците.
За тоа колкав пустош зад себе остави поплавата, сведочи оваа фотографија која е поставена на „Твитер“, а на која е прикажан градот за време и после поплавата.
Улиците кои до вчера беа под вода, сега се проодни за автомобилите, додека продавниците и семафорите буквално испливаа од водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.