| четврток, 6 декември 2018 |

Ја терал да пие солна киселина – вработена во администрација доживеала напад како од хорор филм

Триесет и тригодишна жена е пронајдена во шок и со повреди од „непознато потекло“ вчеравечер во околината на Добој, Босна и Херцеговина.

Според првичните информации, се работи за вработена во Градската aдминистрација, која по укажаната помош во добојската болница, раскажала дека ја нападнал непознат маж облечен во бело и со маска на главата. Тој ја натерал да испие солна киселина и да скокне во река.

Полицијата се уште го истражува случајот. Соседите велат дека се работи за мирно семејство и дека ниту нападнатата, ниту нејзиниот сопруг не се имале замерено ни меѓу себе ни со некој друг.

Останува сомнежот дека жената е нападната токму поради нејзината работа во оделот за инвалидска заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top