| четврток, 6 декември 2018 |

Четири ракометарки се збогуваа со ЖРК Вардар СЦБТ

Пред почетокот на последниот натпревар од оваа сезона на ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ против екипата на Кожувчанка, четири ракометарки се збогуваа со црвено-црниот дрес.

Станува збор, за Марина Дмитровиќ, Нигина Саидова, Марија Штериова и Марија Лојпур. Клубот со посебно изработени плакети им се заблагодари на четирите ракометарки кој имаа свој удел во одличната сезона која ЖРК Вардар СЦБТ ја заокружи со двојната круна во домашното првенство, како и историскиот успех, односно освојувајќи го третото место во Лигата на шампионките.

Голманката Нигина Саидова, својата богата кариера реши да ја заврши токму во ЖРК Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top