| четврток, 6 декември 2018 |

Десетици лица приведени за вмешаност во детска порнографија

По петнеделната истрага за размена на детска порнографија преку интернет покренати се обвиненија против најмалку 70 мажи и една жена во околината на Њујорк.

Надлежните служби го оценија случајот како еден од најмасовните апсења на луѓе со вакви обвиненија во САД. Истрагата била предводена од агенти на имиграциските и царинските служби во Њујорк. Федералните власти планираат да ги објават апсењата на прес-конференција во текот на денов.

Според официјални извори, напредокот во технологиите и капацитетот на компјутерите им овозможуваат на колекционерите на детска порнографија полесно да собираат огромни количества фотографии и снимки со вознемирувачка содржина и директно да разменуваат фајлови еден со друг.

За време на акцијата во Њујорк биле одземени околу 600 десктоп компјутери, лаптопи, таблети, смартфони и други апарати, чија меморија изнесува вкупно 175 терабајти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top