Во акција на Европол, спроведена во 28 европски земји, уапсени се 75 лица за дистрибуција на детска порнографија на интернет, а истрагата се води во 207 случаи ширум Европа.
„Операција зора“ почна откако Европол добил информација од швајцарската полиција минатата година, која откри криминална мрежа кои сексуално искористувале малолетни лица, изјави портпаролката Клер Жорж.
Истрагата траела повеќе од една година, а врз основа на информациите на швајцарската полиција, што доведе до тоа досиеја со разузнавачки податоци за 611 лица да бидат испратени во безбедносните служби во 26-те земји-членки на ЕУ.
Овие пакети содржеле детални информации за осомничените како што се меѓу другото, нивната компјутерска IP адреса, а во многу случаи осомничените користеле шифрирани податоци за да го сокријат својот идентитет.
Жорж рече дека жртвите биле на различна возраст, но постои загрижувачки и растечки тренд на сексуална злоупотреба на деца помлади од 18 месеци.
– Истрагата се уште трае и може да се очекуваат нови апсења, додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.