
Заврши мандатот во Советот на град Скопје на Софија Куновска. Советниците на денешната седница констатираа дека ѝ се прекинува мандатот, бидејќи на изборите на 27 април, граѓаните ѝ доверија пратеничко столче во македонското Собрание.
Во изјава за медиумите таа рече дека мнозинството во Советот „еднај чекало да се отараси од неа“
Куновска е прв човек на социјалдемократите во Скопје. Долго време таа ја координираше советничката група на опзицијата во Град Скопје.
Со оглед на тоа дека нејзината партија не го прифаќа мандатот, Куновска заедно со останатите 33 пратнеици на СДСМ останува дома со 30 проценти од пратеничката плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Софија Куновска: За новиов правец „зајорадаризам“ ќе биде потпрашана и она нешто или и натаму за Богородица ќе си ја рачунаме?
-
Софија Куновска: Мечка во циркус ќе научи да вози точак, Али македонски не!
-
Наградно прашање од Куновска: Колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица?


