И поранешната пратеничка од СДСМ и екс-претседателка на Градската организација на партијата, Софија Куновска, не молчи пред предавствата на Зоран Заев. На својот профил на „Фејсбук“, таа прашува: Согласно високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица?
– Демократијата ќе се востанови само ако секој од нас ја негува и бара насекаде околу нас. Без исклучок. Дома, на работа, на улица, во институциите ама и во сопствената партија. Да речеме, наградно прашање бр.1: Согласно високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица? Демократијата е моќ на убедување на инакумислечките во исправноста на сопствените идеи. Во спротивно се добива #НаТаткоИмПартијата Во СДСМ има прекалени борци а не непријатели на социјалдемократијата и на татковината- пишува Куновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицијата го бара а тој пие кафе на сред село: Нови детали за убиството во тетовско
-
Сѐ уште нејасни мотивите за убиството
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Софија Куновска: За новиов правец „зајорадаризам“ ќе биде потпрашана и она нешто или и натаму за Богородица ќе си ја рачунаме?