| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец нападнал сопственик и гости во кафе-бар

Вчера на ул. „Перо Чичо“ во Куманово, во кафе-бар „Бар код“, 54-годишниот П.К. физички го нападнал В.К. нанесувајќи му телесна повреда и искршил еден лаптоп, потоа излегол надвор, искршил повеќе стаклени шишиња и физички нападнал уште три лица.

На повредените им е укажана лекарска помош во Општа болница-Куманово и се пуштени на домашно лекување.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top