| четврток, 6 декември 2018 |

Во Брчко експлодира мина

мина
Во подрачјето на босанскиот дистрикт Брчко денеска експлодирала мина, која ја донеле поплавите. Во инцидентот никој не е повреден.

Центарот за отстранување на мини во БиХ предупредил дека надојдeните реки ги поместиле минските полиња, поради што се можни експлозии.  Оттаму ги повикале граѓаните да ги обележат минските полиња со импровизирани ознаки, да не ги допираат и да ги известат надлежните органи за тоа.

Сите тимови за отстранување на мини се распоредени низ градовите и општините каде водата е повлечена за да ги утврдат поместените граници на минските подрачја.

Од мини најзагрозени се подрачјата што беа најмогу зафатени од поплавите, односно  подрачјата на Добој, Маглај и Олово и унско-санскиот кантон, како и тузланскиот кантон.

– Заедно со посебниот тим на белгиската воена академија, во текот на денот беспилотното летало ќе го сними подрачјето на Маглај и на Добој за да го утврди поместувањето на минските полиња, како последица на поплавите и лизгарите – соопшти Центарот за отстранување мини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top