На локалните гробишта во Ѓорче Петров денеска е погребот на матурантот Ангел Петковски, кој беше убиен од страна на крадецот на неговиот велосипед.
Во населбата утрово е мирно, откако и вчера убиството на младото момче предизвика жестоки протести и инциденти.
Полицијата синоќа приведе 27 лица, учесници во протестите. Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите биле повредени девет полицајци, а биле оштетени и осум полициски возила. Нема информации за повредени цивили.
МВР се уште трага по ножот со кој беше извршено убиството на младиот Ангел, а има осомничен сторител на делото, кој веќе се наоѓа во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.