Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денес (21-ви мај) учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.
На средбата на армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, ќе се разгледуваат прашањата за состојбата во Авганистан и мисијата ИСАФ по изборите одржани во оваа земја, капацитетот на безбедносните сили на Авганистан, како и за плановите за распоредување во наредната фаза на ИСАФ.
На вториот дел од Конференцијата, во фокусот на учесниците ќе биде разгледувањето на развојот на Оперативниот план за мисијата ,,Одлучна поддршка“ како форма на ангажирање на НАТО во пост-ИСАФ периодот.
Во рамките на Конференцијата, денес е предвидено генералот Котески да положи венец со свежо цвеќе на споменикот пред командата на НАТО во Брисел, а се очекува тој да оствари и повеќе средби на маргините на Конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.