Во првиот случај беше уапсен 39 годишен прилепчанец осомничен за нелегална продажба на оружје. Тој минатата година продал калашников за 700 евра. При претресот во неговата куќа биле најдени ловни пушки и карабини, малокалибарски пушки, пиштоли и поголемо количество муниција.
Во вториот случај приведен е заменикот јавен обвинител поради тоа што му ветил на негов сограѓанин дека ќе му помогне да се одложи постапка против него и го советувал како да го стори тоа. Средбите им ги организирал неговиот возач, а за услугата наплатил 2.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.