На вториот натпревар од финалето на источната конференција во НБА плејофот, Мајами на гостински терен ја совлада екипата на Индијана со резултат 87-83 и со тоа израмни на 1-1 во серијата.
Одличен беше тандемот на Мајами, Леброн Џејмс и Двејн Вејд кој ги постигна последните 20 поени за Хит на мечот.
Џејмс натпреварот го заврши со 22 поени, седум скока и шест асистенции, додека Вејд имаше еден поен повеќе, а двоцифрен за Мајами беше и Норис Кол со 11 поени.
Ленс Стивенсон беше најефикасен за Пејсерс со 25 поени, 14 уфрли Пол Џорџ, додека Џорџ Хил натпреварот го заврши со 13 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.