| четврток, 6 декември 2018 |

Групата „Денис и Денис“ со концерт ќе одбележи 35 години од настанувањето

60228681

Култниот риечки бенд „Денис и Денис“ со концерт кој ќе се одржи на 7-ми март во клубот „Миксер хаус“ во Савамала, ќе одбележи 35 години од настанувањето на бендот.

Иницијатор на повторното обединување на бендот бил Давор Тоља.

-По дваесет и четити години ме повика, односно ми испрати мејл дека повторно ќе се собираме. Се согласив без размислување. Поводот е 35 години од настанувањето на бендот. Неможев да претпоставам дека повторно ќе се собереме. На нашите фанови им ветувам дека повторно заедно ќе пееме и играме на сите песни снимени во студио. Посебен гостин на концертот ќе биде познатиот Еди од видео записот „Соба 23“, вели Марина Перазиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top