| четврток, 6 декември 2018 |

По поплавите: 14 жртви во Обреновец

vucic

Во Обреновец, кој е еден од нaјпогодените градови во поплавите во Србија, има четиринаесет жртви од природната несреќа која и се случи на оваа земја, соопшти Александар Вуќиќ, премиер на Србија.

Засега не се очекува драматична ситуација како што тоа беше за време на викендот, но со природата никогаш не се знае.

– Според размерите на катастрофата и материјалната штета ќе видите дека ние десетократно повеќе сме погодени од сите останати во регионот, но се надевам дека според жртвите тоа нема да биде така. Тоа говори дека сме направиле голема работа – изјави Вуќиќ.

Тој соопшти дека половина од жртвите во Обреновац починале, а половина се удавиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top