Најпознатата тенисерка од Србија и амбасадорка на УНИЦЕФ во земјата, Ана Ивановиќ, денеска подарила еден милион динари за загрозените семејства од поплавите во Србија.
– Многу ми е тешко кога гледам колкави се размерите на оваа несреќа, која ја зафати Србија, но воедно сум и горда кога гледам колку луѓе ја покажаа својата хуманост и подготвеност да помогнат. Знаме дека УНИЦЕФ е веќе на терен и се грижи за сите деца да добијат помош. Оваа донација е само почеток затоа што мислам дека допрва ќе следи тежок период. Сите треба да бидеме заедно и со заеднички сили да се избавиме од вакви ситуации затоа што е многу тажно да ги гледаш сите овие трогателни слики и знам дека мнопгу деца тешко се чувствуваат – изјави Ивановиќ.
Директорот на УНИЦЕФ во Србија, Мишел Сен Ло, вели дека е почестен што Ана Ивановиќ се придружи на акцијата и истакна дека нејзината помош многу значи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.