-Во одговорот, премиерот Груевски изрази благодарност за континуираната поддршка што еврокомесарот Филе ѝ ја дава на Република Македонија и на реформскиот процес на кој сите ние заеднички работиме, и за заедничкиот напор што во изминатите неколку години ја повлече напред нашата земја создавајќи прогрес, кој ја отвори можноста понудена од Европскиот совет на декемврискиот самит во 2012 година – вели Ѓорѓиев.
Премиерот Груевски изрази и жалење за тешкотиите за надминување на политичките предизвици произлезени од настаните на 24 декември и деструктивното однесување на опозицијата истакнувајќи дека е свесен за тоа каков ризик се отвора за споменатата можност во контекст на европската агенда. Истакнувајќи дека еврокомесарот Филе е добро запознаен со сите наши обиди и заложби за придвижување на работите и за надминување на состојбите дури и кога наспроти нашата отвореност, подготвеност за дијалог и компромис наидуваме на несериозен и нерационален пристап од другата страна, премиерот Груевски во писмото напиша и дека во изминатиот период понудивме многу опции и излезни решенија за кои и самиот Филе е свесен дека од наша страна е даден максимум за надминување на оваа ситуација, се вели во пишаната изјава на Ѓорѓиев.
Премиерот, поосочува владиниот портпарол, „наведе и дека иако многумина сметаат дека сите идеи и можности се веќе исцрпени и сега се повторуваат како стари позиции во понуди како да се нови, сепак ние остануваме одговорни, отворени и посветени за продолжување на делувањето согласно јавно искажаните принципи и за евентуални конкретни предлози од било кого, вклучувајќи конкретни предлози и од страна на Филе“.
-Во контекст за соработката и дијалогот со медиумите, премиерот Груевски во писмото истакна дека и покрај нашиот досегашен прогрес, нема да престанат нашите напори за унапредување на состојбите на ова поле- соопшти Ѓорѓиев.
Груевски во писмото до Филе, подвлекува и дека во следниот период преку надлежните служби до еврокомесарот ќе биде испратен преглед на досегашниот напредок во контекст на Високиот пристапен дијалог и развојот на добрососедските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски