Ракометниот клуб Металург како опшетствено одговорен колектив чувствува одговорност да се приклучи во помагање на настраданите од поплавите во Србија и во БиХ. За таа цел Металург ќе организира хуманитарна акција пред и за време на натпреварите од машката ВИП Суперлига меѓу Металург – Зомимак М и Металург јуниор – Пролет 62 – велат од клубот.
Цената на влезницата за двата натпревари ќе чини 100 денари, а средстата собрани од продажба на влезниците ќе бидат наменети за помош на настараданите од поплавите во Србија и во БиХ.
Влезниците ќе можат да се набават од среда (21.5.2014 година) во сите продажни места на „Купи карти за сѐ“ , на билетарницата во салара „Автокоманда“ и на www.kupikartizase.com .
Исто така, во текот на целиот ден на одигрување на натпреварите (четврток,22.5.2014 г.) Металург организира хуманитарен пункт во сала „Автокоманда“, каде што сите хумани луѓе ќе може да донираат потребните продукти. Хуманитарниот пункт ќе биде отворен од 10 часот, а целата акција ќе заврши со завршување на натпреварот Металург Јуниор-Пролет 62.
Според информациите од Црвениот крст на Република Македонија, донациите ќе се состојат од следниве продукти: конзервирана храна, вода, средства за хигиена, храна за бебиња и пелени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.