Светскиот филмски хит „Иксмен: денови на идното минато“ во Скопје ќе ја има премиерата в четврток, 20 часот, во киното „Милениум“, еден ден пред светската премиера. Под режисерската палка на Брајан Сингер, „Иксмен“ повторно нуди возбуда, акција и фантазија за љубителите на стрип-дизајн филмовите.
Во главните улоги настапуваат Хју Џекмен и Џенифер Лоренс, Патрик Стјуарт, Хали Бери.
„Иксмен: денови на идното минато“ е седмото продолжение на култниот серијал за Иксмен во кој екипата на професорот Ксавиер и натаму се бори за опстанок на мутантите. Предводени од Вулверин, патуваат низ времето и се враќаат во минатото за да ја пронајдат помладата верзија од себеси и да ги убедат да им се придружат во борбата за заедничката цел – опстанок на мутантите, но и луѓето.
Во реализацијата на новото продолжение се појавуваат и актерите Питер Динклиџ, познат како Тирион Ланистер од „Игра на тронови“, француската ѕвезда Омар Си, кој се прослави со улогата во филмот „Недопирливи“, како и еден од најпопуларните актери во подем, Мајкл Фасбендер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а децата на -30 просат по улиците
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија