Херардо Тата Мартино поднесе оставка во Барселона по само една сезона, во која не донесе ниту еден трофеј во Каталонија, а Луис Енрике ќе добие шанса да ги коригира работите во следните две години. Поранешниот играч на Барселона ќе го предводи клубот во обид да се вратат позициите и во шпанскиот и во европскиот фудбал.
Енрике го напушти кормилото на Селта и потпиша двегодишен договор со Барселона. Тој веднаш најави дека ќе ги врати двајцата позајмени играчи, Делофеу и Рафиња, веќе пристигна голманот Тер Штеген, а сигурно ќе има и уште неколку засилувања што ќе пристигнат на „Камп ноу“ летово. Меѓу најавените се и Давид Луиз од Челси, Пол Погба од Јувентус и Венсан Компани од Манлестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.