Скопската општина Ѓорче Петров упати апел до сите граѓани за воздржување од меѓуетнички тензии по синоќешното убиство на младото момче.
Советот и градоначалникот на општината изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии. Тие ги повикуваат надлежните институции на Република Mакедонија, а посебно Министерството за внатрешни работи да ги преземаат сите неопходни мерки од нивна надлежност за враќање на мирот и безбедноста, и заштита на животот и имотот на граѓаните.
Од Општината апелираат до граѓаните да се воздржаат од какви било активности спротивни на законот и да дејствуваат врз какви било изливи на насилство, се вели во писменото соопштение до медиумите.
Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе утврдат дополнителни мерки кои треба да се преземаат за обезбедување стабилна и безбедносна состојба на подрачјето на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.