| четврток, 6 декември 2018 |

Данкан најзаслужен за победата над Оклахома

Првиот натпревар од финалето на западната конференција во НБА се одигра синоќа во Сан Антонио, а Спарс славеа над Оклахома со резултат 122-105.

Одличен меч одиграа сите први петмина на Спарс, потпомогнати од Ману Џинобили. Најзаслужен за победата на домашниот тим е Тим Данкан, кој постигна 27 поени, додека Џинобили постигна 18, Дени Грин и Леонард постигнаа 16, а Тони Паркер натпреварот го заврши со 14 поени.

– Секогаш сакаме да се обидеме да ја пробиеме одбраната. Очигледно ни е полесно бидејќи не игра Ибака, но ќе игравме на ист начин и тој да беше тука – истакна Паркер по мечот.

Кај Тандер, кој настапуваше без Серж Ибака, најефикасен беше Кевин Дурант, кој постигна 28 поени, а зад него е Расел Вестбрук со 25 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top