| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска ќе биде погребан Добрица Ќосиќ

Dobrica-Ćosić-1

Денеска во Белград ќе биде погребан српскиот писател и академик Добрица Ќосиќ, познат уште и како татко на нацијата.

Ќосиќ почина во 93. година од животот.

Во последното интервју за белградскиот „Неделник“, Ќосиќ говореше за неговото последно дело „Време на смртта“ кое наскоро треба да се појави во книжарниците, на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

На неполн месец од објавувањето на интервјуто, човекот кој се смета за творец, односно оној кој ги реафирмираше големосрпските идеи, го напушти овој свет. Во последното интервју тој повторно ја споменува војната, но овој пат во улога на „миротворец“.

– Нема повеќе војни за Србите. Ние не смееме повеќе да војуваме. Немаме ниту биолошки ниту патриотски потенцијал. Верувам дека мирот е единствен услов на нашето постоење. Треба да се прават компромиси ако сакате да го сочувате мирот – рече во последното интервју Ќосиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top