| четврток, 6 декември 2018 |

Поплавите ги разместија минските полиња во Босна – мини може да завршат и во „Ѓердап“

Flooding in Bosnia

Центарот за отстранување мини во БиХ ги предупреди граѓаните од поплавените места да пријават во полиција секаква неексплодирана бомба и мина која ќе ја забележат затоа што има сомневања дека голем број експлозивни средства се разместени од минските полиња.

Шефот на тимот на Регионалниот оддел на БиХ, Фикрет Смајиш, за „Ал Џазира“ вели дека нема сомневање оти дошло до поместување на минските полиња каде што се случила поплавите и дека експлозивните средства може да се најдат на неочекувани места.

– Можно е поради енормната количина вода мините да завршат дури и до хидроцентралата „Ѓердап“, па и до Црно Море. Ова е поинаква ситуација. Не зборуваме веќе за мински полиња, туку за неексплодирани убиствени средства кои се во надлежност на штабовите за цивилна заштита. Во овие моменти немаме конечна проценка, но тоа што е евидентно е дека најзагрозени подрачја се Маглаја и околината на Добој, каде што имаше мински полиња, а каде што има сомневања дека се поместени – нагласува Смајиш.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top